Дрвокрадците од велешко му ставиле моторна пила под вратот на шумски полицаец
СВР Велес поднесе кривична пријава против четири лица од Велес, меѓу кои и еден малолетник, поради напад врз шумски полицајци кај Велешко езеро. Првопријавениот со нож нанел повреди на двајца полицајци, а групата се обидела да ги нападне и со моторна пила. Од МВР информираат дека истрагата е во тек.
„На 27.12.2024 во близина Велешко езеро, пријавените физички нападнале вработени во Шумска полиција, кои ги затекнале при бесправна сеча на огревно дрво, при што првопријавениот со нож нанел повреди на двајца шумски полицајци и истовремено се обиделе да ги нападнат и со моторна пила“, соопштија од МВР.
Обвинителството претходно соопшти дека дрвокрадците на еден од полицајците му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот.
„Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот“, соопшти ЈО.
Според полицијата, осомничените Б.З. (36), В.В. (18), С.З. (57) и еден малолетник, сите од Велес, се товарат за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Кривична за полицаец кој дома чувал нелегално…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Полицаец се ранил додека го чистел пиштолот
На 23.11.2023 во 10.30 часот во СВР…
Полицаец нападнат од две лица, имале и…
На 26.05.2023 во 08:20 часот на подрачјето…