Дрвото во Матарија во кое Марија се сокрила со Исус по бегството во Египет

t

Вернер КЕЛЕР, во книгата „Библијата е во право, историјата и археологијата потврдуваат“

„А штом си отидоа тие, ете, Ангел Господов му се јави на Јосиф во сон и ми рече: Стани, земи ги детето и мајката негова и бегај во Египет и биди таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе го бара детето да го погуби.

И Јосиф стана, ги зеде детето и мајката негова и во ноќта замина за Египет И таму беше се до смртта на Ирод“ (Мт. 2, 13-15)

Тој кој бега во странство, по можност оди таму каде има луѓе од неговата земја. Тој, кој со себе носи и бебе, тој ќе се реши да се насели во првото место веднаш по преминувањето на границата.

Црквата на светото семејство

На патот од Палестина до Египет, 10 км северно од Каиро се наоѓа малото и тивко место Матарија, на десниот брег на реката Нил. Според тоа, не било потребно да се преминува Нил. Од големите полиња со шеќерна трска, никнува куполата на црквата „Sanctae Familiae in Aegypto Exuli“ (Црквата на светото семејство). Старите легенди кои кружат за дворот (градината) во непосредна близина на црквата, им дале повод на француските езуити да ја подигнат црквата. И денес, како и некогаш, поклоници од целиот свет, низ вратата која шкрипи и води во градината, застануваат пред снажното но остарено стебло на една смоква, наречено „дрво на света Богородица“. Во шупливото стебло, така вели една легенда, се сокрила Марија, мајката на Исус, со детето при бегството од гонителите. Пајак исткал над бегалците толку густа мрежа што потерата не можела да ги види.

Поглед кон олтарот

За вистинската старост на дрвото се воделе многу расправи. Најстарите сведоштва кои се пренесувае од генерација на генерација, стигнуваат до неколку столетија наназад. Но, не и до 2 000 години наназад.

Но, затоа, има една друга вест за ова место старо речиси две илјади години. Градината кај Матарија во средниот век била позната како градина со лековити билки зашто во неа се одгледувани билки какви инаку во Египет дотогаш немало.

„Тенките дрвца не се поголеми од појасот на јавачите и личат на дрво на дива лоза“, известува Англичанецот Џон Мендвил (John Maundeville) кој ја видел оваа градина во 1 322 година.

Содржината продолжува после огласот

Најсилниот природен лек за ПРОСТАТА: Заборавете на здодевното и често мокрење по само 7 дена!
Sponsored by MonadPlug
Марија и Исус се кријат во шупливиот дел на дрвото! Се верува дека денешното дрво е четврта генерација

Тоа што тој го опишал било балсамово дрво. Како овие скапоцени билки се нашле во Египет опишува Јосиф Флавије. После убиството на Цезар, во Александрија дошол Антониј. Клеопатра почнала да живее со него. Во себе гаела надеж дека ќе ја обнови славата на своите претци. Таа често пати ги посетувала Јудеја и Ерусалим, па дури се обидела и кралот Ирод, поставен од Рим, да го фати во стапица и да го привлече на своја страна. Иако Ирод немал ништо пртоив Клеопатра, напротив, сепак бил доволно мудар и трезвен да не наседне на нејзините игри, знаејќи дека со евентуалната авантура со неа, ќе си го навлече на себе непријателствоот на Антониј.

Но, поради одбивањето на Клеопатра, замалку ќе ја изгубел главата, со оглед на тоа што, таа, со повредена суета, почнала да сплеткари против него кај Антониј. Успеала, кралот на Евреите да биде повикан во Александрија со тешко обвинение. Клеопатра ја одиграла својата улога мудро, но и Ирод бил лукав, па се појавил пред Антониј со големо богатство и практично поткупувајќи го, успеал да го смилостиви.

Патот на Јосиф, Марија и Исус од Витлеем до Матарија

Тоа било ново понижување за Клеопара, но и таа не останала со празни раце бидејќи Ирод морал да и ја отстапи целиот богат брег на Палестина со сите градови кои Антониј и ги подарил на својата љубовница. Покрај тоа, и градот Јерихон на Јордан со околните плантажи. Во големите мирисни градиини растеле најскапоцените билки кои некогаш, кралицата од Саба, со себе ги донела како подарок за големит Соломон.

Новата кралица, забележал Флавиј, понела со себе расад од овие билки. Во градините од храмовите во Хелиополис, тие расади се засадени по нејзино наредба. Под стручна нега на еврејските градинари, од долината на Јордан, овие единствени и скапоцени растенија успавале и во земјата на Нил, во „градините со лековити билки“ во Матарија.

Триесет години подоцна – Клеопатра и Антониј веќе одамна имале извршено самоубиство по изгубената морска битка кај Акциујум – овде се сокриле Јосиф, Марија и Исус, кај еврејските граданири и балсамовите градини на Матарија.

Многу трагови водат токму кон ова место. Можеби еден ден ќе се докаже дека тие трагови се историски веродостојни.

наслов на оригиналот:

Werner Keller
UND DIE BIBEL HAT DOCH RECHT
Forscher beweisen die
historiche Wahrheit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог на чешкиот претседател: Влез на Украина…

Нема потреба да се очекува целосно воспоставување…

Бајден на конвенцијата на демократите: Се бориме…

Претседателот на САД Џо Бајден се обрати…

Стејт департмент: САД се во редовен контакт…

САД се во редовен контакт со владини…

Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Денеска се празнува Преподобниот маченик Дометиј

Роден е во Персија како незнабожец, во…