Државата нема повеќе да дава пари за чистење на дивите депонии
Дивите депонии ги чистевме десетина години наназад, секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои во наредните неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на денешната прес-конференција.
Државата одлучи дека нема веќе да ги финансира таквите проекти, додаде Шукова, бидејќи како што рече, непотребно се користат средствата на граѓаните за нешто што не е одржливо.
-Чистиме на 10 до 15 локации согласно приоритетите на општините и за неколку месеци тие локации повторно се полнат со ѓубре, рече Шукова и додаде дека иако тоа е надлежност на општините, државата помагаше при чистењето на дивите депонии.
Проблемот со отпадот го имаме со повозрасните, вели Шукова во одговор на новинарско прашање за имплементација на едукативна програма во образовниот процес и додава дека децата се тие што најмалку прават отпад и најчесто ги потсетуваат повозрасните дека не треба да прават отпад. Посочи дека мора да се зајакне контролата и граѓаните мора да сфатат дека ѓубрето го правиме сами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…