Државата не плаќа струја: Должи преку 20 милиони евра за неплатени сметки

t

Над 20 милиони евра е долгот за струја на државните институции и општините кон ЕВН, дознава Нетпрес. Според информациите институциите должат за потрошена струја подолг временски период, а дел од нив и повеќе од една година. Еден од најголемите должници се Министерството за здравство, неколку јавни претпријатија и општините.

Високите долгови за струја се должат и на огромниот раст на цената на струјата на берзите, а повеќето институции и општини, како резултат на либерализацијата на пазарот, веќе неколку години се снабдуваат на слободен пазар. Иако пред почетокот на либерализацијата беше најавуван пад на цените на струјата, сведоци сме на висок раст на цената на струјата, од над 100 отсто.

Град Скопје веќе побара од Владата итна интервенција со енергетската криза, оти огромен дел од буџетот на главниот град оди за набавка на струја.

За да ја надмине должничката криза во енергетскиот сектор Владата на последната седница ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена струја и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите. Се препорачува и единиците на локална самоуправа и институциите, согласно нивна надлежност, да ги подмират заостанатите сметки.

Долгот на државните институции од 20 милиони евра e дополнителен притисок врз ликвидноста на енергетските компании кои, како резултат на кризата, се соочуваат со сериозни загуби. За да спречи натамошно влошување нас ликвидноста, кое може да предизвика и рестрикции, Владата на последната седница ѝ одобри 2,9 милијарди денари или околу 47 милиони евра на Електрани на Македонија(ЕСМ), компанијата во државна сопственост, за справување со кризната состојба во снабдувањето со струја.

Од владината прес-служба по седницата информираа дека се задолжува ЕСМ овие пари да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија. Одобрено е ЕСМ да овозможи ЕВН одложено да ги плати сметките на доспеаните фактури за декември и јануари до 01.07.2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…