Државата „отвори“ мини депонија за хаварисани возила крај Градски во Скопје

t

За скопјани, Градскиот парк и неговата околина се едно од последните места во центарот на главниот град каде барем привремено може да ги одморат сетилата од нападноста на градскиот акустичен, визуелен, па и мирисен метеж. Секој обид да се наруши тој остров, вообичаено е проследен со реакција.

Тоа е и главниот мотив што до редакцијата на „360 степени“ стигна анонимна реакција од граѓани – дека пред речиси цела година, веднаш до градскиот стадион, се депонирани повеќе автомобили кои не се во возна состојба. Не само што никој не ги поместил оттогаш, туку просторот сѐ повеќе наликува на депонија. Сликата не ја гледаат само скопјани, туку и секој странец кој доаѓа на стадионот или во блиските хотели, ресторани и фирми.

Екипа на „360 степени“ излегла на терен. Ги нашле возилата оставени на паркинг, со кој стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на републиката (АДИССДП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата „отвори“ мини депонија за хаварисани возила…

За скопјани, Градскиот парк и неговата околина…

Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Рекордно високи странски инвестиции во Албанија

Во првиот квартал од 2025 година, странските…

По 24 часовна битка за неговиот живот…

Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот…

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд…

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под…