Државата пак ќе нè задолжува: Се очекува за 4 години долгот да достигне скоро 60% од БДП
Министерството за финансии денеска го објави податокот за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со 31.12.2021 година. Согласно објавените податоци јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 % од БДП.
Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Остануваме на определбата јавниот долг да го позиционираме под Мастришкиот критериум од 60 % од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 % од БДП.
Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 % од БДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…