ДРЖАВА Е ОВА, А НЕ ПРОДАВНИЦА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО: Министерот Спасовски одговори на пратеничко прашање

t

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

– Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме – ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие државјанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети – истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

– Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуваат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата – објасни Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пеколни температури со над 40 степени низ…

Под влијание на топла воздушна маса од…

(Видео) По усвоениот извештај за Македонија –…

Преговорите беа тешки и долги, но имаме…

Со Бриселски диктат го испратија по дома:…

Петар Богојески заминува од Националната агенција за…

Судот не може да го најде таткото…

Денешното рочиште со кое требаше да почне…

(Видео) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА…

Денеска, започнаа градежните работи, со кои ќе…