Држава ли е ова?! Таравари: Имаме интересен услов за промена на Уставот, прво ќе го кажеме во амбасади
Пратениците на Алијанса на Албанците начелно ќе гласаат за уставни измени, но имаат услови, коишто во текот на следната недела ќе им ги презентираат на „поважните амбасади низ Македонија“. Еден од условите е да се тргне „терминот 20 проценти“ од Уставот и македонскиот и албанскиот јазик за да се користат како службени јазици во земјата, изјави в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари.
-Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови. Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија, ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот. Но првиот услов ќе биде многу интересен, вели Таравари во интервју за Радио Слободна Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…