Државен удар?! Османи предупредува на црногорско сценарио ако нема уставни измени
Шефот на дипломатијата Османи и денеска не го објави списокот на личности со МКарта, велејќи дека за тоа треба нивна согласност. Но, затоа предупреди дека треба уставни измени да се случат поскоро бидејќи е можно да прекинат преговорите со ЕУ. За претседавањето со ОБСЕ тој рече дека приоритет ќе биде Украина.
Не треба да губиме време за комплетирање на уставните измени за внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Мојот страв е дека ако ноември не фати без завршени уставни измени, ќе прекинат преговорите. Ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е едно од најлошите работи што може да ви се случат на европскиот пат и се плашам дека ќе влеземе во некакво црногорско сценарио како што е сега и е многу тешко да се врати, со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, рече Османи.
Тој додаде дека до сега имало некакви координации, како што ги нарече консултации низ ходници, и наведе дека смета оти оваа година треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати меѓу политичарите и стручната јавност.
„Сметам дека е важно да направиме разграничување меѓу суштината на проблемот, односно дали уставните измени се проблематични и партиско-политичкиот интерес околу уставните измени. Засега тие се измешани и не може да се направи разграничување, каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето, бидејќи не знаат дали став на одреден политичар е заради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, а каде завршува интересот на државата.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие немаат проблем да учествуваат на такви средби доколку бидат поканети, но оти на нив ќе го повторат ставот којшто веќе е познат во јавноста. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на предновогодишниот брифинг со новинарите истакна дека овој парламентарен состав нема мандат да го решава ова прашање, најавувајќи дека на следните избори ќе ја бараат довербата на граѓаните, меѓу другото, и со предлог како да се надмине овој проблем, без да открие дали концептот би бил репреговарање, напуштање на преговорите или нешто трето.
Премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски во своето последно интервју за неделникот “Фокус“ потенцира дека патот на евроинтеграции на државата е неповратен, национален процес. Според него, сите 120 пратеници во Собранието имаат одговорност и обврска тие процеси да ги остварат поради подобра иднина на сегашните и идни генерации.
„Тоа не е процес на еден човек или партија, туку национален процес. Нашите деца заслужуваат да живеат во европска држава“, вели Ковачевски.
За отворањето на Уставот е потребно да гласаат 80 пратеници и е услов којшто го прифатија Бугарија и Македонија како дел од францускиот предлог за кревање на бугарското вето и одблокирање на почетокот на пристапните преговори на Македонија со Европската унија. Во јули годинава документот го одобри и македонскиот Парламент, кој значи внесување на Бугарите во Преамбулата, но и борба против говорот на омраза, ревизија на учебниците по историја и гаранции дека земјава нема територијални претензии.
Се крчка ли мнозинство за уставните измени?
Министерот за надворешни работи Османи и покрај бурните реакции во јавноста ниту денеска не ја објави јавно листата на личности кои се од Македонија, а живеат во странство и се носители на таканаречената „МКарта“ со која добиваат одредени привилегии.
„Немаат привилегии на дипломати. Единствено симболична дека ќе им го олесниме доаѓањето во државата, да се вклучат во нашиот развој. Тоа повеќе е внимание отколку дека тоа нешто на нив им значи“, рече Османи.
Брза лента на македонските аеродроми за успешни луѓе од дијаспората
За да го објави списокот со имињата на овие личности кои ја добиле М картата како заслужни граѓани од дијаспората, Османи рече дека треба да ги прашаат нив, бидејќи амбасадите ги предлагале овие лица.
Со МКартата тие добиваат можност за користење „брзa лента“ на аеродромите во Скопје и Охрид кога влегуваат во земјава.
Во моментов МКарти имаат 69 македоснки државјани од дијаспората, меѓу кои научници, лекари, бизнисмени, културни работници, информираат од Министерството за надворешни работи -МНР.
илустрација
ВИДЕТЕ И ОВА:
Северна Македонијa го презема претседавањето со ОБСЕ
Шефот на дипломатијата на денешниот брифинг многу повеќе зброруваше за претседавањето на земјава со ОБСЕ.
Тој повтори дела приоритетите во претседавањето ќе бидат зајакнување на мисиите на терен, коишто од вкупно 12, шест се наоѓаат на Западен Балкан, но и дека остануваат важни инструментите за контрола за вооружување, фокусот на смрзнатите конфликти, како и доминантната тема во претседавањето е Украина – земја во која е прекината мисијата на ОБСЕ со ветото на Русија.
Османи додаде дека карактеристично за ОБСЕ е тоа што има нетипичен пристап кон безбедноста, односно има сеопфатен пристап кон безбедноста.
„За нас е голема чест што 56 земји на ОБСЕ гласаа едногласно Северна Македонија да биде претседавач со ОБСЕ, имајќи предвид дека за наредната нема одреден претседавач дека не може да се постигне консензус“, рече Османи.
За претседавањето со ОБСЕ во буџетот се резервирани пет милиони евра, иако МНР барало осум. Османи сепак индиректно остави простор околу промената на дефинитивната сума, бидејќи за оваа цел треба да се преадаптира и догради салата „Борис Трајковски“, во која треба да се одржи годишниот Министерски совет на ОБСЕ со 70-тина министри.
Инаку во Скопје е отворена првата теренска мисија во 1992 година кога, со цел спречување на прелевање на конфликтот од Босна и Херцеговина и другите територии на поранешна Југославија во Северна Македонија, но потоа станува важен дел од Рамковниот договор во делот на пост-конфликтната рехабилитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…