Државна матура: Ученици повторно ги споделувале тестовите, родител нападнал набљудувачка
Директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска, истакна дека државната матура денеска во некои училишта поминала беспрекорно, но во одредени имало проблеми кои ги решавале тековно. Таа посочи дека повторно имало споделување по вибер групи на тестовите по англиски јазик и по математика.
– Повторно имаше вибер група во која беше споделен тестот по математика во 9: 53 часот и тестот по англиски во 9:45 часот, на истиот начин како и минатиот пат кога беше споделен тестот по македонски јазик, односно празен тест кој ученикот го сликал и бара од другите членови од групите да му помогнат во одговарањето. Овој пат вибер групата англиски имаше три илјади ученици, не знам дали се сите ученици бидејќи и ние бевме дел од таа група.
А групата математика околу 300-400 корисници. Не видовме одговори кои би потекнале од кај нас, нешто што е изработено од кај нас, туку на истиот начин, и овој пат беше фотографирано веднаш кога се поделени тестовите, неколку минути пред да почне испитот со таа разлика што овој пат бевме малку поостри во однос на дејствувањето. Сите ученици кои фотографиле и кои успеавме да ги лоцираме со име и презиме во вибер групата и кај кои набљудувачите најдоа телефон, беа отстранети од испитот – истакна Михајловска.
Таа информира дека имало и еден инцидент во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, каде родител на ученик кој бил отстранет од испитот заради поседување на телефон, вербално ги нападнал набљудувачките од МОН и Бирото за развој на образованието.
– Имавме и еден инцидент. Во едно училиште влезе родител кој вербално ги нападна набљудувачките кои ги отстраниле двата ученика кои користеле телефони. Побаравме интервенција од полицијата. Побарав да влезе полицијата во објектот, затоа што набљудувачките од МОН и БРО беа исплашени. Родителот е повикан во станица и ќе добие пријава за неовластено присуство во службени простории и пријава за реметење на јавниот ред и мир – соопшти Михајловска.
На прашањето како успеале учениците да внесат телефон во просторијата каде се одржувал испитот, таа рече дека еден телефон оставаат, но носат уште еден телефон во џебовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Вицепремиерот за добро владеење НЕ МОЖЕЛ ДА…
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, зборува…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…