Државниот врв на свечност во Скопје – се слави три децении партнерство меѓу Македонија и САД

t

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, повеќе министри од Владата, како и градоначалници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ вечерва беа дел од прославата по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Настанот го организираше Амбасадата на САД во земјава заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

На свеченоста присуствуваа голем број државни и општински претставници, што уште еднаш го потврди значењето на партнерството меѓу двете земји.

Муцунски посочи дека од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Воспоставената соработката во повеќе области, укажа шефот на дипломатијата, постојано се унапредува.

– Денес славиме 30 години од воспоствувањето дипломатски односи меѓу нашата држава и САД, три децении на партнерство, кое му помогна на македонскиот народ да стане посилен послободен и поуспешен. Од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Во клучни мигови таа поддршка беше одлучувачка. Особено ја паметиме одлуката од 2004 година за признавање на нашето уставно име. Чин што остави длабока трага во срцата на македонскиот народ и потврди дека нашата демократија и нашата независност се важни. Нашата соработка доби институционална рамка со Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година, а во 2022 година во Вашингтон ја унапредивме со воспоставување на Стратешкиот дијалог, механизам кој отвора пат за подлабока соработка во безбедноста, економијата, енергетиката и образованието – рече Муцунски.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер најави проширување на трговските врски, борба против корупцијата, модернизирана соработката во одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државниот врв на свечност во Скопје –…

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот…

Трамп: Имав добар однос со Путин, но…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му…

САД ја повикаа Јапонија да не ја…

Соединетите Американски Држави ја повикаа Јапонија да…

Преговорите меѓу Русија и САД напредуваат брзо…

Преговорите меѓу Русија и САД напредуваат брзо…

Група сенатори во САД предложи закон со…

Двопартиска група сенатори во Соединетите Американски Држави…