Државниот врв ќе се поклони пред Претседателот Борис Трајковски

t

Со државнички активности, Владата на Република Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев – директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ