Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка од лични причини

t

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.

Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…

Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…

Во овој момент не постои конкретна закана…

Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…

Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…

ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…

Петровска започна консултации за процесот на трансформација…

Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки…