Државните апарати за коцкање од спорниот објект во Визбегово ќе се сместат во посебно депо

t

Откако Владата го раскина договорот меѓу компанијата „Хеј“ и Државната лотарија за закуп на деловен простор во Визбегово, апаратите во државна сопственост кои се наоѓаат во објектот на приватната компанија, ќе бидат повлечени од објектот во Визбегово и ќе бидат префрлени во магацини кои ќе ги обезбеди Владата, објави „Алсат М“.

Директорот на државната лотарија, Александар Климовски, вели дека не се знае каква ќе биде нивната понатамошна судбина, бидејќи тие терминали се за приредување видео лотарија, а државната лотарија не организира ваков тип на игри.

Климовски рече дека 850-те терминали, кои чинат 12 милиони евра, се платени по двојно повисока цена, и дека сите биле неочекувано купени во рок од три месеци, а не како што предвидувал тендерот – да се набават за подолг временски период.

Владата пред неколку дена го раскина договорот меѓу компанијата „Хеј“ и Државната лотарија. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека киријата што Лотарија ѝ ја плаќала на компанијата е трипати повисока од пазарната. Тој додаде и дека раскинатиот договор е основа за кривична одговорност и дека постојат сериозни сомнежи за сторен криминал од страна на претходната власт во овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…