Државјани на Косово и Албанија ќе можат да се лекуваат во Македонија по исти цени како и Македонците, одлучил Меџити

t

Министерството за здравство донело одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани, пренесе ТВ21.

-Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Министерот Меџити вели дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…