Објавено на:

Дрога и фалсификувани пари пронајдени кај малолетник од охридско

t

Фалсификувани пари и дрога пронашла охридската полиција кај малолетник од селото Елшани.

МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.

– При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата.

Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридските средношколци утре ќе им оддадат почит…

Учениците од четирите охридски средни училишта утре…

Охридската ривиера руши рекорди, станбениот квадрат стигна…

Цената на новоизградените станови и станбените објекти…

Повеќе од 800 деца најавија учество на…

Децата низ улиците на градот ќе ја…

Девојчиња се првите бебиња во Охрид и…

Женско е првото бебе кое четириесетина минути…