ДРСКА ИЗМАМА: Кавадарчанец останал и без работа и без пари
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Кавадарци, 40-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари.
Според пријавеното лицето му се јавило и му порачало да му изработи кујна, а капар ќе му дадело во текот на денот во Велес. Како што е пријавено, во меѓувреме лицето повторно му се јавило и го замолило пријавителот да однесе 19.000 денари на друго лице од Кавадарци на кое му должело пари, а дека ќе му ги врати при подигање на капарот во Велес.
Исто така, според пријавеното, откако ги однел парите отишол во Велес и не успеал телефонски да го добие лицето, сфатил дека е измамен. ОВР Кавадарци презема мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…