Дугин: Дарја загина за руската идеја, за православната идеја!
Филозофот Александар Дугин смета дека неговата ќерка Дарија Дугина била цел на убијците, таа починала „за руската идеја“, „православната идеја“.
Политикологот и новинар Дарија Дугина загина на 20 август во експлозија на автомобил-бомба на автопатот Можајск во областа Одинцово во Московската област. Руската Федерална служба за безбедност во понеделникот соопшти дека украинските специјални служби стојат зад убиството на Дугина, а сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигна во Русија на 23 јули. Според ФСБ, по контролирана експлозија на автомобилот, извршителот на убиството и нејзината ќерка преку регионот Псков заминале во Естонија.
Дугин одговори на прашањето на водителката „Зошто е убиена Дарија Дугина?“
– „За руската идеја, за верската идеја, за православната идеја, за суверената идеја, за заштита на нашиот народ, нашата држава“, рече тој.
Филозофот забележал дека целта на убијците била Дарија Дугина, а не тој.
„Сè беше фрлено да ја убијат и, во принцип, тука немаше грешка. Тие ја убија“, додаде Дугин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…