ДУИ: Албанците не треба да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот
„Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност“, соопштија утрово од ДУИ.
„Овој развој е директна последица на укинувањето на Балансерот, механизам што беше суштински за обезбедување еднаквост и мултиетничка застапеност во јавната администрација.
Наместо да се подобри состојбата, таа намерно и системски се влошува.
ДУИ потсетува дека ваквите практики претставуваат тешко кршење на Уставот и Охридскиот рамковен договор, и ги подриваат темелите на демократскиот соживот и европските вредности.
Упатуваме итен повик до моноетничката влада веднаш да го прекине овој опасен тренд и да ги врати механизмите на еднаквост и правда во државните институции.
Што се однесува до т.н. остатоци од ВЛЕН во Владата, јасно е дека никој не ги прашува, ниту пак им бара мислење за каква било институционална одлука.
Тие немаат ниту влијание, ниту авторитет.
Единственото што го прават е со срамна тишина и покорност да ја легитимираат оваа дискриминаторска влада.
Секој што продолжува да ја легитимира оваа влада – било со учество, било со молк – е соучесник.
Оваа влада има погрешен правец, и Албанците не треба да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот“, додавата оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…