ДУИ бара итна оставка од претседателот на Уставниот суд

t

ДУИ најостро ги осудува последните случувања во Уставниот суд каде, според нив, моноетничките интервенции во мултиетничка држава создаваат опасен преседан.

„Одлуката за продолжување на процесот на оценување на уставноста, и покрај бојкотот од страна на судиите од албанската и турската заедница е вознемирувачки показател за непочитувањето на еднаквоста и меѓуетничката хармонија.

Но, реакцијата на претседателот на Уставниот суд на прес-конференцијата го означува врвот на недозволивоста. На новинарско прашање за отсуството на албанскиот јазик на таблата зад него, (на кое стои името на Уставниот суд) и покрај тоа што е во сила Законот за употреба на јазиците, претседателот изјави дека „знае дека законот е во сила, но не му се допаѓа законот“. Таквата изјава е скандалозна и целосно неприфатлива“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Од партијата од Мала Речица додаваат дека човек кој отворено не се согласува сo важечките закони и кој применува двојни аршини на толку важна функција како претседател на Уставниот суд, не може да биде достоен да продолжи да ја води функцијата.

„Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите, туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост. Од овие причини ДУИ бара итна оставка од претседателот на Уставниот суд. Ваквиот развој на настаните во никој случај не смее да се толерира, а институциите мора да дејствуваат за да гарантираат почитување на законите и вредностите на меѓуетничката еднаквост“, се вели во соопштението на ДУИ.

Прво подготвителна седница и консултирање правни експерти, па потоа конечна одлука за Законот за употреба на јазиците – ова е епилогот по заседанието на Уставниот суд кое го бојкотираа двајца судии Албанци, Осман Кадриу и Насер Ајдар, а судијата од турска националност Фатмир Скендер ја напушти дебатата откако не беше прифатен предлогот, точката да се тргне од дневниот ред.

На одлуката, дали целиот Закон или делови од него ќе се прогласат за уставни или неуставни ќе се почека неколку месеци. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски рече дека работат под притисок и оти политичарите ја доведуваат во прашање нивната независност. Порача дека нема да дозволи Уставниот суд да биде уценуван.

Со пет гласа „за“ и еден „против“, Уставниот суд одлучи прво да одржи подготвителна седница на која ќе бидат повикани и оние што го оспоруваат Законот и оние што го поддржуваат, но и експерти. Дури откако судиите ќе ги слушнат мислењата, ќе одлучуваат што понатаму. Подговителната седница најверојатно ќе се одржи во март наредната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара итна оставка од претседателот на…

ДУИ најостро ги осудува последните случувања во…

(Фото+видео) Гужва пред Уставен суд: Врие од…

Пред Уставниот суд се уште е гужва,…

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот на…

Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ

Централното претседателство на Демократската унија за интеграции,…

ДУИ: Ги повикуваме премиерот и оваа нелегитимна…

Во најмрачните периоди на југословенските режими, секој…