ДУИ: Бирање на претседател во Собрание ќе ги поштеди граѓаните од избори за протоколарна функција

t

Демократската унија за интеграција е задоволна и благодарна за, како што велат, масовноста на граѓаните за поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за претседател на државата. Од вчера Османи е првиот и засега единствен официјален кандидат за претседател на изборите на 24 април.

-Собирањето потписи се одвиваше според очекуваната динамика на Републичкиот изборен штаб и по успешното завршување на процесот, ДУИ и Османи ќе се фокусираат на презентирање на нашите идеи пред граѓаните, за кои сме убедени дека ќе бидат прифатени и поддржани. Како што веќе знае јавноста, прогресивната идеја на лидерот Али Ахмети е претседател на државата да биде избран во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентер, велат од партијата преку соопштение.

Според ДУИ, со тоа ќе се избере „претседател со целосен легитимитет, заштеда од над 20 милиони евра во државата, десетици илјади граѓани ќе се поштедат од процесот на собирање потписи и сите граѓани ќе се поштедат од кампања и учество на избори за протоколарна функција“.

-Идејата потекнува од 2009 година, кога лидерот Ахмети на Вториот изборен конгрес на ДУИ во Скопје, изброи 12 позиции, тогаш недостапни за Албанците, вклучително и за претседателот на државата. Оттогаш оваа прогресивна идеја ја имаме во сите наши изборни програми и чекор по чекор ја спроведуваме. Потребни ни се сите гласови, и од Албанците и од Македонците и од сите останати, за да се овозможи измена на Уставот, во исто време и за избор на претседател и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство, за да се продолжи решително кон Европската Унија, стои во партиското соопштение на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…