ДУИ: Ги повикуваме премиерот и оваа нелегитимна влада целосно да се откажат од агендата за деградирање на Законот за употреба на јазиците

t

Во најмрачните периоди на југословенските режими, секој глас на Албанците, било да се работи за правда, еднаквост или основните права, беше третиран со иронија, сарказам и потценување. По овие цинични ставови секогаш следеа закани и обиди за задушување на тие праведни гласови, соопштија од ДУИ.

Од партијата велат дека историјата сведочи дека овие методи не само што не успеале да ги замолчат Албанците, туку ја зацврстиле нивната решителност и отпор за борба за правда и еднаквост.

„Секогаш, овие омаловажувачки пристапи кон Албанците биле дизајнирани во Белград, спроведувани преку државниот апарат во Скопје и често прикриени со неколку албански фигури-марионети, кои служеле како фасада за овие политики. Истата шема се повторува и денес.

Опасната блискост меѓу оваа нелегитимна влада и Белград е очигледна, манифестирана преку именувањето на личност како Стоилковиќ – инструмент на Путин и Вулин – за заменик премиер за меѓуетнички односи.

Дополнително, неколку дискредитирани албански политичари, кои беа отфрлени од својот народ и на претседателските и на парламентарните избори, се користат како штит за овие антиалбански дејствија и за потценување на гласот на Албанците“ наведуваат од ДУИ.

Јасно дека овие обиди за задушување и потценување на легитимните грижи на Албанците, според ДУИ не се само неправедни, туку и опасни за стабилноста и иднината на земјата.

„Албанците, народ со долга историја на отпор и жртва, нема да молчат пред обидите за деградирање на Охридскиот договор и за поткопување на достигнувањата кои гарантираат еднаквост и правда во оваа земја.

Ги повикуваме премиерот и оваа нелегитимна влада целосно да се откажат од агендата за деградирање на Законот за употреба на јазиците и за уривање на темелите на Охридскиот договор.

Овој ретрограден, разделувачки и оркестриран пристап нема место во едно општество кое се стреми кон европска и мултиетничка иднина.

ДУИ стои цврсто во одбрана на правата и историските достигнувања на Албанците и на Охридскиот договор. Албанците нема да дозволат стабилноста и еднаквоста да бидат нарушени од застарени и деструктивни пристапи кои се спротивни на правдата и заедничката иднина на оваа земја“ порачаа од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ги повикуваме премиерот и оваа нелегитимна…

Во најмрачните периоди на југословенските режими, секој…

ДУИ до Мицкоски: Заканите нема да ти…

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно…

(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…

Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…

(Видео) Османи: Палењето на македонското знаме е…

Ниту како партија, ниту лично не ми…

ДУИ: 11 декември – Ден што може…

Уставниот суд на Македонија одлучи на 11…