ДУИ го повика НАТО да интервенира за исклучувањето на Албанците од водечките позиции во АРМ
Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции во безбедносните институции претставува сериозна закана за безбедноста на државата, реагираат од ДУИ на одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за промени во командните структури на Армијата. Оттаму велат дека првпат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ниту еден Албанец нема водечка позиција во редовите на Армијата.
„Отстранувањето на единствениот генерал Албанец од Оперативната команда ги остави Албанците без претставници на четирите највисоки воени позиции. Првпат Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Воената агенција немаат ниту еден Албанец на раководни позиции“, се вели во соопштението од ДУИ.
Назначувањето на генералите Орце Јордев и Мирче Ѓорѓиевски, кои добија негативни одговори од НАТО за безбедносни сертификати, според ДУИ, предизвикува сериозни загрижености за стратегиската ориентација на нашата земја.
„Овие случувања сугерираат тенденција кон анти-НАТО, просрпско и проруско раководство во Армијата, додека Албанците систематски се исклучуваат од безбедносниот систем“, велат од партијата.
Од ДУИ им порачаа на албанските партии во власта, дека треба да ја прекинат својата улога како адвокати на антиалбанските и исклучувачки политики.
ДУИ ја повикува меѓународната заедница, особено НАТО да интервенира за да се адресира ова системско исклучување и да се осигура дека Македонија е посвете на демократските вредности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…