ДУИ: Дали е точно дека снимки од дискотеката „Пулс“ прикажуваат прослави со локални полициски службеници?
На 16 март ги загубивме 60 млади животи. Денес, 21 ден подоцна, сè уште тагуваме, но уште повеќе боли што вистината се крие, а одговорност нема, велат од политичката партија ДУИ.
„Што се случи со видео надзорот? Знаеме дека серверите преживеале. Дали е точно дека снимките прикажуваат прослави со локални полициски службеници само неколку дена пред трагедијата? Дали тие биле присутни и во самиот ден на настанот? Кој ги чува тие снимки, кој ги сокрива и зошто досега не се објавени?
Ја прашуваме Комората на компании за обезбедување – дали агенцијата „Рубикон” поседува лиценца? Колку од нејзините вработени биле лиценцирани според законот?
И конечно, целата локална полициска вертикала, од станицата до Министерот, знаеле дека локалот работи без лиценца, дека се користат пиротехнички средства и наркотици. И сите молчеле. Денес, 21 ден подоцна, никој не понесе ниту морална, ниту правна одговорност.
Ова молчење не е само институционален срам ова е соучесништво. И нема да дозволиме вистината да се скрие, а одговорноста да се избегне“, се вели во соопштението на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…