ДУИ знае да игра со нацоналните чувства, но има и државнички елементи, некогаш на повисоко ниво од македонските партии

t

ДУИ има секакво право да го слави овој јубилеј (20 години власт), но во овој момент кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, ова секако не наидува на одобрување од граѓаните освен на оној груг на партиски активисти, вели Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.

Тој вели дека владеењето на ДУИ има и добри и лоши страни, а лош белег кој ја видоизмени државата е тоа што ДУИ го поддржа проектот Скопје 2014 кој, како што гледаме, бил финансиран на криминален начин. Друг лош момент е што голем број млади луѓе се вработуваа по клуч а не одеа на работа поради што не ни успеаја да изградат административна кариера, коментира Селмани за Утрински брифинг.

Селмани коментира дека има перцепција дека секоја власт по неколку години владеење се расипува и тоа е веројатно точно.

– Власта корумпира, а за ДУИ се има таква перцепција. ДУИ и на локално и на државно ниво се обвинуваат за криминал, но не е покренат ниту еден процес за разлика од функционери од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ДУИ умее да соработува со обете овие големи партии кои се дел од она што би се нарекло бедем кој ги штити функционерите на ДУИ, коментира Селмани.

Според Селмани, точна е оценката дека претходница на ДУИ е воена формација па оттука национализмот е нивни терен.
– Се покажа дека ДУИ знае цврсто да игра на националните чувства, но има и одредени елементи на државност, понекогаш дури и на повисоко ниво од повеќето македонски политички партии. Стете се на 2017 година. Тогаш, по сите оние бомби, ДУИ покажа чувство за државност кога требаше да одлучи со кого ќе коалицира. Друга работа е придонесот на ДУИ за Преспанскиот договор и неговата успешност со што се реши деценици спор, а ние набргустанавме членка на НАТО. Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е дел од тие добри последици, вели Селмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…

Демократската унија за интеграција со реакција до…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…

Законот за средно обеазование е повлечен од…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

ДУИ: Закажувањето седница за јавна дебата за…

„Денес заврши една недела која на најјасен…