ДУИ има позиција која никогаш ја немала, практично ја водат Владата ама ќе завршат како најомразени досега
ДУИ и СДСМ се свесни за позицијата во која се наоѓаат и затоа велат дека протестите против францускиот предлог всушност се протести за рушење на Владата, вели во денешното гостување во “Што не е јасно” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– “Веројатно се свесни какво е расположенинето на народот, ја губат популарноста и ДУИ и СДСМ иако ДУИ има една позиција која никогаш ја немала, тие ја водат владата практично ама завршуваат како најомразена Влада во историјата.
Секако Владата која задира во самобитноста на мнозинскиот македонски народ, во идентитетски прашања, треба да си замине но тоа е сега второстепено, сега најважно е да се спречи прифаќање на овој француски предлог”, истакна Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…
Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…