ДУИ и Вреди обединети – на протест во Скопје за поддршка на војниците на ОВК, Мицкоски најавува кризен штаб

t

Нема да им успеат намерите за провокации со маршот, ќе се формира кризен штаб и преземат сите безбедносни мерки пред и по завршување на протестот во Скопје, Вака премиерот Мицкоси ја поентира најавата дека и неговиот коалициски партнер ВРЕДИ се приклучува на ДУИ на протестот во Скопје на кој ќе се даде подршка на поранешните војници на ОВК обвинети за воени злосторства.

Изет Меџити неформалниот лидер на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир вели ова е нашата национална гордост протестот во Скопје ќе ја има подршката и од нас изјави за косовскиот медиум Вокс Косова.

Изет Меџити : Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост.

Ќе дадеме согласност за одржување на протестот. Се надевам дека сè ќе помине добро“, на плоштадот во општината каде што сум градоначалник.

ДУИ го најави протестот за подршка на поранешните војници. Али Ахмети ги покани Албанците да се приклучат на овој протест, за да бидат сведоци на чистата борба за слобода и независност.

Али Ахмети: Ќе протестираме во Скопје за да побараме правда и да изразиме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Плоштадот Скендербег во Скопје ќе биде моќниот глас на граѓаните кои бараат правда за нашите ослободители.

Протестот е најавен за во сабота од 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ се карактеризира како регионален собир на кој ќе се побара ослободување на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели и други притворени од Специјализираните совети во Хаг. Организаторите најавуваат мирен протест и велат дека целта е „побарување правда“ за, како што тврдат, неправедно притворените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ и Вреди обединети – на протест…

Нема да им успеат намерите за провокации…

(Видео) Трамп го удри вратата од тоалетот…

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите…

„Политико“: НАТО без планови за сценарио на…

Северноатлантската алијанса (НАТО) во моментов нема развиени…

37-годишен скопјанец до смрт го претепал својот…

37-годишник од скопско Марино ќе одговара за…

САД ѝ нудат на Украина „корејско сценарио“…

И покрај деловниот пристап на преговарачите на…