ДУИ: И другите партии да направат ветинг во своите редови

t

Демократската унија за интеграција ја собра својата структура во Речица, Тетово, каде што разговарале за реформите и ветингот што започна во партијата. ДУИ ги повикува и другите партии да го сторат истото.

-Ги повикуваме сите други политички партии да го следат примерот на ДУИ, ние бевме иницијатори на сеопфатен процес на Ветинг на политичката сцена во Република Македонија. Знаете дека пред два мандата го предложивме Законот за Ветинг кој ги вклучува сите политичари кои мора да бидат предмет на Ветинг, но и судиите, обвинителите, побаравме целосен Ветинг за сите политички партии, изјави Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.

Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во неколку настапи побара да се отвори истрага за сите партии и функционери за приватизацијата од 1992 до 2000 година. Тој обвинува дека многу луѓе се збогатиле на сметка на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…

Демократската унија за интеграција објави соопштение по…

Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската…

Ова сигурно можат да ми го злоупотребат…

ДУИ: Чаир стана опасно место за живеење

Бесарта Алија од Демократската унија за интеграција…

ДУИ го повика НАТО да интервенира за…

Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…

ДУИ: Непоколебливо сме посветени на транспарентноста, отчетноста…

Демократската унија за интеграција (ДУИ), предводена од…