Објавено на:

ДУИ: Народот не заборави кој градеше, а кој саботираше

t

Кога Демократската унија за интеграција работеше на обезбедување на финансирањето за Коридорот 8, тие гласаа ПРОТИВ.

Кога ја потпишавме спогодбата, не обвинија за криминален и коруптивен договор.

Кога започнаа градежните работи, тие мобилизираа сè што имаа на располагање за да не сопрат — со изјави, кампањи, блокади и отворена пропаганда. – соопштија од ДУИ откако премиерот Мицкоски по вторпат почна со изградба на патот Гостивар-Тетово кој е дел од Коридорот 8.

– Но, уште поопасно и посрамно беше тоа што не го напаѓаа проектот само како “прескап” или “сомнителен”.

Го прогласија за закана по националниот идентитет.

За дел од наводен опасен проект за „Голема Албанија“.

Го претворија во политичко оружје за ширење страв, паника и етнички поделби.

Со недели ги мачеа психолошки граѓаните, тврдејќи дека овој проект ќе ја уништи државата.

Одеа толку далеку што ги обвинија и нашите стратешки сојузници — САД — за вмешаност во некаков „темен план“.

А денес?

Денес се сликаат пред истиот тој проект како да е нивен.

Денес се обидуваат да го претстават како своја лична заслуга, како политичка победа.

Ова не е политика.

Ова е недостаток на карактер.

Ова е хипокризија.

Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат.

Напротив — тие треба јавно да се извинат за стравот и поделбите што ги посеаја, за блокадите и лагите што ги ширеа со години.

Коридорот 8 е визија.

Тоа е резултат на нашата истрајна работа, на нашата верба во евроатлантската иднина и на цврстото партнерство со нашите американски и европски пријатели.

Народот не заборави кој градеше, а кој саботираше.

И историјата ќе ги постави сите таму каде што навистина припаѓаат. – стои во соопштението на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…

Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…

ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…

Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…

Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…