ДУИ: На локалните избори ќе се случи народ
Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во државата, како и подготовките за претстојните локални избори.
„На оваа седница, високо се оцени заложбата на раководството на ДУИ за креирање на широко меѓупартиско сојузништво, со цел заеднички настап на локалните избори, во служба на граѓанските интереси и за зајакнување на локалната самоуправа.
Централното Претседателство едногласно одлучи да го именува г‑дин Фатон Ахмети, Генерален секретар на ДУИ, како шеф на Централниот Изборен Штаб.
Исто така, со целосен консензус, Централното Претседателство ги потврди кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:
• Во Општина Чаир, кандидат за градоначалник ќе биде Д‑р Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
• Во Општина Тетово, кандидат ќе биде г‑дин Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ
• Во Општина Желино, кандидат ќе биде г‑дин Емир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ во Желино
• Во Општина Гостивар, носител на советничката листа ќе биде г‑дин Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар
• Во Општина Струга, носител на советничката листа ќе биде г‑дин Фатон Пололжани, исто така претседател на огранокот на ДУИ во Струга
Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и дополнителните кандидати за останатите општини.
Исто така, ја информираме јавноста дека од Албанската Алијанса, од г‑дин Зијадин Села, очекуваме предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Харачина и Дебар, а од г‑дин Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.
ДУИ останува посветена на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес за граѓаните во сите општини. Граѓаните, како на референдум, ќе ја потврдат својата следна победа на овие локални избори“, се вели во соопштението на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На локалните избори ќе се случи…
Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција,…
Меџити: Kандидатот на ДУИ за градоначалник на…
Вицепремиерот и министер за животна средина и…
Бујар Османи официјално е кандидат на ДУИ…
Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол…
ДУИ бара вклучување на албанската култура во…
„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана…
ДУИ ја обвинува Владата дека ги пречекорила…
Опозициската партија ДУИ и денеска излезе со…