ДУИ: Нема да дозволиме ретроградните сили да ја закочат иднината на граѓаните

t

Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува, изјави на прес-конференција Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ.

Тој рече дека иницијативата за организирање на референдум е спротивна на Уставот.

„Очигледно, опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање референдум, која е спротивно на Уставот, и со единствена цел, за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните, да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее.

Иницијативата на опозицијата е насочена кон попречување на патот кон Европската унија. Жалам за антиевропското убедување и делување на опозицијата, но едно е јасно, дека враќање назад нема да има, дека земјата нема да се изолира од останатиот демократски свет. Сега кога веќе официјално почнавме преговори со Европската унија, повикуваме на формирање широк проевропски фронт на политички партии, невладини, медиуми, граѓани.

Го повикуваме про европското крило во рамките на опозицијата да направат се за да не се загрози членството на Република Македонија во НАТО и да запре нејзиниот европски пат. Префрлањето на одговорноста на граѓаните, е барање алиби за сите неуспеси овие години, и погрешно постројување во регресивни сили преку сеење магла и оспорување Договор кој придонесе членство на нашата држава во НАТО“ изјави Адеми.

Тој рече дека е крајно неодговорно и недозволиво да се потрошат 8 милиони евра за организирање на референдум, во време на најголемата економска и енергетска криза.

„Kога е во прашање државниот и национален интерес, Демократската унија за интеграција нема да дозволи ретроградните сили да ја закочат иднината на Република Македонија. Граѓаните веќе јасно го дадоа својот глас, тие се за Европска унија и НАТО и заедно со нашите меѓународни партнери и САД, ќе продолжиме успешно да ја остваруваме нашата цел, членство на Република Македонија во големото европско семејство“ порача Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…