ДУИ: Ние сме потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните
Во седиштето на ДУИ во Мала Речица во тек е седница на Централното претседателство на партијата. Пред почетокот на седницата изјава даде портпаролот на ДУИ Арбр Адеми кој информираше за темите за кои ќе се разговара на седницата.
-Денеска ќе дискутираме за мерките, за политиките кои би требало да се преземат. За истите ќе има и коментар од нашата страна до американскиот експерт кој е ангажиран д-р Пол Вилијамс, и зависно од тоа ќе ги конкретизираме нашите понатамошни политички чекори. ДУИ е потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните. Ние продолжуваме со истите политики кои носат подобро утро за сите граѓани перспектива за сите. Ние се залагавме и се залагаме за нашата западна ориентација на нашата земја, а тоа беше и членството во НАТО и како втора стратешка цел останува членството во ЕУ, но исто така велиме дека ќе ги искористиме сите демократски механизми што ни се на располагање за да се санкционира, да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори. Тоа значи дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, рече Адеми.
Информираше дека на денешната седница ќе се разгледа и драфтот кој е испратен од Вилијамс и коментарите кои ќе бидат испратени од нивна страна до него, а исто така ќе разговараат и за одбележувањето на 13 август.
Адеми кажа дека заклучоците кои ќе бидат донесени на седницата на Централното претседателство ќе ги испратат до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ уби командант на Хезболах одговорен за…
Командантот на Хезболах, Хасан Фареш Јеши, кој…
ДУИ: Ние сме потврдена политичка партија која…
Во седиштето на ДУИ во Мала Речица…
Браво! Гимназијалецот и олимпиец со сребрен медал…
Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ…
Бектеши – тврди дека Кина ќе има…
Екс министерот за економија Крешник Бектеши на…
Повторно висока инфлација
Инфлацијата се повеќе ги „јаде“ парите на…