ДУИ одржува централно претседателство: Протест не е дестабилизација!

t

По повик на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од 15 часот во партиското седиште почна 16-тиот состанок на нивното Централното претседателство (Претседателство на Генералниот Совет). Портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми рече дека точки на разгледување се актуелната политичка ситуација и предлогот од страна на ограноците да се одржуваат отворени состаноци со граѓаните.

-На Централното претседателство ќе се дискутира тоа, се очекува да учествуваат на тие состаноци и највисоките претставници на ДУИ, рече Адеми.

На новинарските прашања дали ќе се разговара на состанокот за евентуални протести на ДУИ, кои порано беа најавувани, поради несогласување со владините политики, Адеми со одговор дека протестите се дел од агендата, но како точка се уште не е разгледана од органите и телата на ДУИ.

-Ние како ДУИ како самостојна политичка партија, ние самите ја утврдуваме агендата и чекорите кои треба да ги преземе и како политичка партија но и како партија која партиципира во една политичка коалиција наречена Европски фронт. Воопшто не се работи за радикализација. ДУИ е државнотворна партија која се залага за обезбедување европска перспектива за сите граѓани, за подобро утре за сите граѓани. Е сега преземањето на политичките чекори од наша страна не треба да се толкуваат во ваква насока. Ние сме функционални, работиме во полн капацитет. Така што и тој предлог кој доаѓа од ограноците е токму таа работа на полн капацитет на сите ограноци на ДУИ.  Предлогот е од нивна страна, кој произлезе токму од редовните состаноци и работни средби што ги имаме тука во ДУИ. Секој ден е работен ден за ДУИ, рече Адеми.

На прашање дали ќе се разговара за пратеничкиот состав по најавата на ДПА и Мендух Тачи за напуштање на коалицијата Европски фронт, Адеми рече дека тоа не е на дневен ред.

-Пратеничката група која ја сочинуваат сите политички партии кои припаѓаат на Европскиот фронт е функционална и функционира со полн капацитет. За оваа тема не знам дали ќе се разговара. Не е предвидена како посебна точка на дневен ред, бидејќи нема загрижувања околу тоа дали ќе има некое преместување на некој пратеник или на одредена политичка партија, изјави Арбр Адеми.

И членот на претседателството Артан Груби даде изјава за медиумите во која рече дека протестите се дел од демократските мерки, но се зависи од одлуката на Централното претседателство.

-Радикализација не е на дневен ред воопшто. ДУИ не е анархистичка партија која што би предизвикала било каква дестабилизација. Не е во агенда, не ни е во план и ќе преземеме само демократски мерки за било што да изразиме кон јавноста. ДУИ е конструктивна државнотворна партија.  Ќе разговараме за демократски мерки, истакна Груби. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ одржува централно претседателство: Протест не е…

По повик на претседателот на Демократската унија…

ДУИ: Оваа Влада со ништо не го…

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа Прес-конференција…

ДУИ: Слугите од Влен нè оддалечуваат од…

Губитниците на претседателските и парламентарните избори од…

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од…

„Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена…

ВЛЕН е огранок на ВМРО-ДПМНЕ“ – вели…

Блерим Беџети од ДУИ вечерва во дебатниот…