ДУИ: Опозициските партии се кочничари на европскиот пат
Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија, кој потврдува дека и покрај опструкциите и блокадите од опозицијата, како и енергетските, безбедносните и финансиските кризи, Македонија ги исполнува условите да го продолжи патот кон членството во ЕУ.
Според партијата, извештајот на ЕК покажува дека постигнат е напредок до 81% од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје, а што се однесува до подготвеноста на поглавјата има соодветно ниво на подготвеност до 90%.
ДУИ оценува дека извештајот посочува дека главните пречки за напредок се токму опозициските партии кои ги блокираат уставните измени и европскиот пат на земјата.
-Забележан е голем напредок и поради фактот што Европската Унија го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан и со овој план нашата земја има една милијарда евра на располагање и продолжува со реформите и процесот на интеграција. По пет месеци ќе го имаме првиот трансфер од овој нов Пакет, стои во партиското соопштение.
Партијата од Мала Речица апелира до сите политички чинители, академскиот свет, граѓанското општество и медиумите да придонесат земјата успешно да го заврши новиот најголем предизвик од независноста, бидејќи, како што истакнуваат, нема друга алтернатива за да има поперспективен живот за сите нас.
Извештајот покрај одреден напредок, посочува и на низа слабости во реформиските процеси во земјата. Поларизацијата во парламентот, која што доведува до блокада на значајни закони, злоупотребата на ЕУ знаменцето при носењето на одредени закони, како тој за градбата на коридорите, политичкото влијание врз судството, и недоволната борба против коруцијата – се дел од забелешките кои се наведени во извештајот.
Според власта, извештајот на ЕК е потврда дека ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се кочничари на европскиот пат, со оглед на тоа дека клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…
Демократската унија за интеграција со реакција до…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…