ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на државата
По сериозните закани и насилни пораки упатени до пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз вредностите и демократските институции на нашата земја, ги повикуваме меѓународниот фактор, медиумите, граѓанското општество да бидат будни за овој случај, како сигнал за почетокот на рушењето на демократскиот поредок во државата, повикуваат од ДУИ откако во МВР неколку нивни пратеници пријавија дека добиле мејлови со заканувачка содржина.
– Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред правдата сите одговорни за оваа мрачна, антидемократска и незаконска кампања. Но, ги известуваме вазалите, губитниците на изборите, предавниците на легитимитетот на албанците, коалицијата ВЛЕН, дека ДУИ, заедно со сите свои членови, не се плаши и никогаш нема да се предаде, како што никогаш не се предала од благородната мисија да го зачува достоинството на секој албански гласач и демократскиот поредок во земјата. Нема да не одвратат вашите кампањи оркестрирани со клевети и закани, но ве предупредуваме и да се подготвите да се соочите со вашите скандали кои не престануваат веќе 1 месец владеење, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…