ДУИ: Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор

t

„Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачитр вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ“, соопшти ДУИ.

„Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста.

Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.

Централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор се одржува утре, вторник, со почеток во 12:00 часот во хотелот Александар Палас во Скопје“, се додава во соопштението на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го…

„Демократската унија за интеграција смета дека е…

Од денеска вистински ПЕКОЛ! Владата донесе препораки,…

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот…

ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во…

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад…

Планираниот напад на концертот на Свифт бил…

Aдвокатка на главниот осомничен за планирањето на…

Украинскиот заменик министер за енергетика приведен поради…

Заменик министерот за енергетика на Украина е…