ДУИ: САД, ЕУ, Лондон, Париз, Берлин ја поддржуваат Европска Македонија

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ), ги поздравува позитивните реакции на целиот демократски свет за историската одлука “за” францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија, велат од ДУИ.

Исто така истакнуваат дека Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.

„Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.

Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не потпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација.

Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.

Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување од евроатлантскиот курс на земјата.“, се наведува во соопштението од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…