ДУИ цитира српска министерка: За Српскиот свет „Македонците и Србите се едно стебло, еден корен и имаат заедничка иднина“
Демократската унија за интеграција најостро го осудува настанот одржан во Битола, каде за првпат во историјата на Северна Македонија, висока државна делегација на Србија, придружена од високи претставници на Владата на Северна Македонија, на официјален начин и со државен протокол, го одбележа српското окупирање на Македонија и Косово под плаштот на таканаречениот „Солунски фронт“, соопштија денеска од ДУИ.
Според оваа партија, изјавите на српската министерка за труд и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Станковски, дека „Македонците и Србите се едно стебло, еден корен и имаат заедничка иднина“, претставуваат отворена историска провокација и флагрантно мешање во идентитетот и суверенитетот на Северна Македонија. ,,Овие пораки се неприфатливи и имаат за цел да го релативизираат историскиот реалитет, нарушувајќи ги меѓуетничките односи и регионалната стабилност.
Исто толку неприфатливо е и присуството на претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, како и на заменик-претседателот на Владата Иван Стоилковиќ на активност која директно го загрозува стратешкиот правец и мултиетничкиот карактер на нашата држава.
ДУИ јасно потенцира дека националистичките проекти на „српскиот свет“ немаат место во Северна Македонија. Иднината на државата е само патот на интеграцијата во Европската Унија, преку заштита на духот на Охридскиот договор, еднаквоста на граѓаните и мултиетничката кохезија на нашето општество“, соопштија од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ цитира српска министерка: За Српскиот свет…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
ДУИ: Македонија сè повеќе поврзана со „Српскиот…
ДУИ секогаш стои пред реалноста и пред…
ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина…
„Транспарентноста е темел на јавната доверба! Ние…
ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни…
Последните изјави на владините претставници дека „една…
Османи го претстави проектот „Чаир за сите…
Денес сме собрани тука по една посебна…