Дури сега црно ни се пишува: Џабаров бара прекин на гасот за земјите кои не дозволија прелет на авионот на Лавров
На Македонија, Црна Гора и Бугарија, кои не дадоа дозвола за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, не треба повеќе да бидат снабдувани со руски енергенси, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Џабаров.
„Значи, рускиот природен гас што го добиваат тие земји за нив апсолутно не е отровен, додека летот на авионот со рускиот министер предизвикува сериозна загриженост. Прашањето е, можеби тие земји воопшто не треба да се снабдуваат со руска енергија?“, напишал Џабаров на својот канал на Телеграм, пренесува „Спутник“.
Претходно, Црна Гора, Бугарија и Македонија го забранија летот на руски владини авиони преку нивниот воздушен простор во неделата вечерта, пред најавената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.
Во прилог на тоа, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, потврди дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле небото за авионот на Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва не е таа што гради нова „железна завеса“, туку дека Европа е таа која ја оградува Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…