Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
Владата засега нема да донесе одлука за замрзнување на цените, бидејќи како што може да се забележи уште од вчера на полиците на маркетите има намалување на цените на производите, кои се покачија во изминатиот месец, информираше на денешната прес-конференција министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
На трговците им порача дека доколку продолжат со зголемувањето на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена и веднаш ќе се свика седница на Владата.
– Ние денеска имавме веќе подготвена одлука за замрзнување на цените, но засега нема да ја предложиме до Владата, ќе ја следиме ситуацијата со цените. Доколку се случи нагло зголемување на цените веднаш ќе побарам да се свика вонредна седница на Владата и да предложам одлука за замрзување на цените. После нашата опомена трговците се вразумија и ги намалија цените, бидејќи какошто кажав и ќе повторам сега нема да дозволиме алчно зголемување на основните прехранбени производи за време на празниците, изјави Дурмиши.
Министерот Дурмиши посочи дека од информациите на Државниот пазарен инспекторат, кои биле на терен, веќе се намалени цените на дел од основните прехранбени производи, кај некои маркети, а во некои маркети цените се намалени од 20 до 25%.
– Дел од маркетите кои објавија нови флаери се со намалени цени на производи, коишто беа зголемени изминатите денови, какошто се јајца, масло за јадење, дел од сувомеснатите производи, месо, млеко, путер, грав и дополнителни производи. Во исто време, за само еден ден над 50 нови производи се додадени на Новогодишната кошничка и достигна бројка од речиси 1.180 производи, вели Дурмиши.
Тој им порача на трговците дека уште еднаш нема да се толерира ваквото нивно однесување и нема да има опомени, како сега. Дурмиши истакна дека цените се следат секојдневно и ги предупреди трговците доколку повторно се обидат да ги покачат цените, како Влада имаат механизми и веднаш да донесат одлука, по што ќе следат казни, а како што рече, дури и затварање на маркетите.
Прашан за цената на маслото за јадење, Дурмиши вели дека станува збор за берзански производ и известувањата се дека се продава без профит, но доколку на терен трговците ја зголемуваат и имаат изигрување на цената, во тој случај одлуката за замрзнување на цените е подготвена и веднаш ќе ја свика вонредната седница на Владата
– Нема да толерираме вакво изигрување на цените, веднаш ќе свикаме вонредна седница за замрзнување на цените, порача Дурмиши.
Министерот за економија и труд изјави дека во моментов трговците не можат да заработат казна, бидејќи оваа мерка „Новогодишна потрошувачка кошничка “произлегува од нив, но очекува да бидат општествено- одговорни, како ветиле во текот на разговорите.
Мерката трае уште 20 дена, а прашан за новата кошничка за претсојните празници Рамазан и Велигден, Дурмиши со одговор дека ќе размислат како ќе ја реализираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените,…
Владата засега нема да донесе одлука за…
Клековски: На Инфективна клиника недостигаат 100 здравствени…
Во моментов има недостиг на медицински кадар…
Обвинителството по допрен глас проверува дали Мицкоски…
Обвинителството по допрен глас отвори предмет за…
Турски „Бајкар“ ја купи историската италијанска компанија…
Италијанските власти пред малку објавија дека највисокиот…
Запалена викенд-куќа на полицаец од Штип!
Запалена е куќа на поранешен заменик-началник во…