Дурмиши на средба со трговциите, производителите и дистрибутерите – ќе разговараат за цените на храната
Мерки за зашита на стандардот на граѓаните нема, а инфлацијата стигна на 4.8 проценти. Министерот за економија и труд кој претходно рече да заврши месецот и анализите ќе кажат какви мерки ќе презема, денес вели дека прво да се види со трговците, производителите и дистрибутерите.
Дурмиши вели дека ќе биде дадена крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно бидејќи во спротивно Владата ќе воведе ригорозни мерки.
Од „Фајненс тинк’ во новата анализа потенцираат дека цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата туку побаруваќката, инфлацијата забрзува. Велат потпирањето на краткорочни мерки за ограничување на цените не го решава проблемот.
„Притисокот врз цените не доаѓа од страната на цените на храната, за што говорат уште неколку показатели. Цените на сите останати производи и услуги, освен на храната и енергијата, растеле во јули 2025 година побрзо од порастот кај вкупните цени (кои ги вклучуваат цените на храната и енергијата).“ – анализираат од Институт за економски истражувања и политики „Finance Think“
Потребни се системски, не популистички мерки, инфалцијата го „изеде“ стандардот, вели за економскиот аналитичар Абил Бауш. Тој анализира дека е потребна сериозна стратегија и реализирани капитални инвестиции и реални субвенции во земјоделството.
И додека се чекаат евентуалните мерки со кои би се зауздала инфлацијата, Сојузот на синдикатите на Македонија вчера достави и официјално барање до Собранието за итно зголемување на минималната плата на 500 евра. Сметаат дека барањето е темелено на реалните економски и социјални услови во земјата, како и на споредбите со платите во регионот и земјите од ЕУ.
И на последниот економско-социјален совет Владата им потенцираше дека тоа што ќе се договорат работодаваќите и двата најголеми синдикати како власт ќе го испочитуваат. Сепак зголемување на минималецот засега не е ниту на повидок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши на средба со трговциите, производителите и…
Мерки за зашита на стандардот на граѓаните…
Путин: Немам ништо против средбата со Зеленски,…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „нема…
Турција сè уште ја разгледува можноста за…
Турската страна очекува средбата на лидерите на…
Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нови зголемени цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…