Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните 6 месеци
Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија детално ја објасни целата ситуација со вакцинацијата против ДиТеПер. Преку објава на социјалните мрежи, Беќаровски објави дека најчесто бил прашуван од граѓаните што значи да се примени сите три дози на ДТП вакцини во последните шест месеци.
Според него, наједноставен пример е првата доза ако е примена во септември 2023 година, втора доза во ноември 2023 и трета доза јануари 2024.
-Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.
Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.
Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, објаснува докторот.
Децата кои имаат примено три дози од вакцината ДиТеПер за голема кашлица можат да посетуваат градинка. Сепак постои услов – четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци. Состојбата е алармантна, над 170 заразени со пертусис има во Скопје, над 200 во државата, од Комисијата за заразни болести предупредија дека за кратко време може да излезат со построги мерки. Дополнително ќе се преземаат мерки и за зголемување опфат со МРП.
Од јануари, Комисијата за имунизација побарала од вакциналните пунктови на неимунизираните деца да им даваат по две вакцини одеднаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германец бил вакциниран против корона 217 пати
62-годишен маж од Германија, против лекарски совет,…
ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…
Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…
63 смртни случаи, можеби како последица на…
Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против…