Д-р. Пановски за “ТикТок” анестезиологот од Тетово: Којзнае колку други работат без нострифицирана диплома или одат дрогирани на работа

t

Дали одел дрогиран, дали му била нострифицирана дипломата, тоа нема никаква врска со кривичното дело кое го направил. Значи, тој самиот е непресметлив како личност, ај што снимал, истото и го објавил. Да не го објавеше, ниту ќе разберевме за нострификацијата, ниту за тоа дека можеби се дрогирал, вели за „Локално“, микробиологот и поранешен директор на Фондот за здравство, д-р Никола Пановски за случајот со анестезиологот кој снимаше и објавуваше на ТикТок во живо, додека се шеташе низ гинеколошкото одделение на Тетовската клиничка болница.

Пановски посебно се осврнува на сомнежите за нострификацијата на специјализацијата на анестезиологот.

-За ова последново нема докази, туку се озборувања, типични за нас, удри по немоќниот и притворениот. Што молчеле до вчера. Значи, можеби се десетици и стотици на кои им е овозможено да работат без нострифицирана диплома или одат дрогирани и алкохолизирани на работа. Повторувам, анестезиологот можел и понатаму да си снима, да работи „дрогиран“, без легално нострифицирана диплома и ќе си отидеше во пензија, доколку не ги објавуваше снимките јавно, смета д-р Пановски.

Наведува дека правниците, односно судиите и обвинителите решаваат за тоа дали треба да има поголеми казни и кривична одговорност.

-Треба едукација, наставен предмет на студиите по медицина кој би бил најважен предмет, за однос кон пациентот, за однесување на лекарот кон медиумите, јавноста и пациентите, наместо илјадници глупости кои ги учиме за време на студиите, порачува Пановски.

Докторот се согласува дека постојат двојни аршини и при бирање на тоа на кого да му се одземе докторската лиценца.

-Лекараската комора како да чека како ќе реагира власта. Во случајов со „снимателов“, власта реагираше жестоко и правилно, па се јави и Комората и почна постапка. За многу пострашни случаи, со оштетено здравје на пациентите, гледајќи дека власта не реагира и Комората ќе чекала судска разврска. Инаку за гинекологот од Струга, судската одлука ќе стигне откога тој ќе се пензионира, ако воопшто ја доживее правосилната пресуда, кај нас таа постапка ќе трае со децении, па Лекарската комора ќе се изначека, заклучува Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Пановски: Природниот имунитет е подобар од вакцината…

Микробиологот д-p Никола Пaновски во интервју за…

ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат…

Доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски…

Пановски без заобиколување: He треба веќе со…

Микробиологот д-р Никола Пановски во дебатниот магазин…

Корона криза на повидок – преку 50.000…

Присуството на Омикрон во земјава не ги…