Д-р Јовев добил наредба да ја напушти директорската канцеларија на Клиниката за кардиохирургија

t

Кардиохирургот д-р Сашко Јовев добил наредба да ја напушти директорската канцеларија на Клиниката за кардиохирургија, кој во јуни беше разрешен од функцијата  на почетокот на јуни од министерот за здравство Фатмир Меџити.

Наредба да се исели од канцеларијата е испратена на 10 август и истата треба да ја спроведе до понеделник 14 август или ќе бидат преземени други мерки. Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.

Д-р Јовев го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.  Разрешувањето на д-р Јовев предизвика силни реакции во јавноста, бидејќи дојде по изавите од министерот Меџити кој го нарече неработник. Јовев тогаш за Фокус даде озјава изјава дека е разрешен затоа што за важаен настан за отворање на хибридната сала на Клиниката за кардиохирургија го одбрал датумот предложен од премиерот Димитар Ковачевски.

Неколку дена потаоа министерот излезе со објаснување дека е разрешен за исплата на дневници за дежурства, а Д-р Јовев иако се надеваше дека ќе биде вратен на функцијата, сепак Меџити остана на одлуката да стави нов директор на Клиниката за кардиохирургија.

Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, не се согласи со одлуката на министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на д-р Јовев, која тогаш изјави дека не се согласува ниту со разрешувањето, ниту со начинот на кој е разрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се…

Министерот за здравство д-р Илир Демири во…

Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на…

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се…

Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на…

Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во…

Д-р Јовев добил наредба да ја напушти…

Кардиохирургот д-р Сашко Јовев добил наредба да…

Д-р. Марјан Шокаровски е назначен за нов…

Министерството за здравство информира дека за нов…