Дeмaнти од Австралија: „Новак ќе може да игра на Австралија опен“
Крег Тејли, директорот на Австралија опен изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на првиот Грен слем во сезоната следната година.
Откако Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија, постоеше опасност првиот светски рекет да не може да влезе во земјата во следните три години.
Сепак, Крег Тајли, директорот на турнирот, го негираше тоа тврдење и истакна дека Австралија опен повторно ќе го пречека Новак.
„Да, тој ќе може да игра. Секако, прво треба да ја помине оваа година, но тој ќе одлучи дали ќе игра. На крајот на краиштата, тој е првиот тенисер во светот и навистина го сака Австралија Опен“, рече Тајли .
Има информации и дека Ѓоковиќ ќе го тужи турнирот, но Тајли е убеден дека тоа нема да се случи и дека веста за тоа е невистинита.
„Не, нема да не тужат. Има многу новости за различни работи, но ние се уште сме во позиција да се концентрираме на организацијата на турнирот во моментов и ќе продолжиме да организираме одличен турнир“, изјави Тејли.
Директорот на Австралија опен објасни дека организацијата на турнирот имала проблеми за време на подготовките поради пандемијата на корона вирусот.
Знаевме дека ни претстои тежок период и затоа имаше многу противречности и сложеност на информациите“, објасни Тајли.
Тајли истакна дека следната година ќе се обиде да го направи турнирот на уште повисоко ниво, бидејќи целта е играчите да уживаат кога ќе дојдат во Австралија.
„Како што правиме секоја година, ќе прегледаме што сме направиле добро и што можеме подобро. Тенисот се разликува од другите спортови. Она што треба да го направиме е да им понудиме на играчите средина што ја сакаат и да го направиме ова нивно омилено место за играње“, заклучи Тајли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во цел свет: Откажани се летови,…
Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…
Русија планира да продолжи да ја развива…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…