Дoполнителни 100 евра бонус месечно за медицинските сестри во Франција

Франција ќе дава дополнителни 100 евра месечно од јануари на медицинските сестри кои работат во одделот за интензивна нега, во обид да ги подобри условите за работа на медицинскиот персонал исцрпен од борбата против коронавирусот, изјави денеска премиерот Жан Катекс.
„Ова е за подобрување на работните услови во одделенијата за интензивна нега, како и за признавање на посветеноста и работата на оние кои работат таму“, рече премиерот Катекс за време на посетата на болницата на Крит, во близина на Париз, пренесува Ројтерс.
Според британската агенција, овој бонус доаѓа во пресрет на поширокиот пакет мерки што ќе ги претстави министерката за здравство Оливија Веран следната недела, поради недостаток на медицински персонал кој е на првата линија на одбрана од коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од…
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите…
Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…
Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…
Кремљ: Франција сака војна, не мир
Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за…
Франција ќе ѝ доставува разузнавачки информации на…
Франција денеска соопшти дека ќе продолжи да…
Рекордна заплена на речиси 10 тони кокаин…
Речиси 10 тони кокаин се запленети викендов…