ЕБОР ќе инвестира 1,5 милијарди долари за обнова на турските региони погодени од земјотресите
Европската банка за обнова и развој најави дека во следните две години ќе инвестира до 1,5 милијарди евра во турскиот регион погоден од земјотресот.
Банката соопшти дека нејзиниот одговор ќе биде 600 милиони евра во форма на кредитни линии за локалните банки за бизниси и поединци во директно погодените региони на јужна Турција, објави АФП.
Управниот директор на ЕБОР за Турција Арвид Туркнер додаде дека банката е подготвена да го поддржи турскиот приватен сектор во обновата и изградбата на нови капацитети.
Разорниот земјотрес и последователните потреси на 6 февруари предизвикаа штета од повеќе од 100 милијарди долари само во Турција, соопштија во вторникот Обединетите нации.
Во своите најнови проценки, Светската банка соопшти дека разорниот земјотрес, кој сруши цели градови, предизвикал штета во Турција вредна повеќе од 34 милијарди долари, а обновувањето веројатно ќе го удвои тој износ. Банката предвидува дека трошоците во соседна Сирија ќе изнесуваат 5,1 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…