Евакуирани речиси 30.000 цивили од Украина за еден ден
Речиси 30.000 луѓе се евакуирани денеска преку хуманитарни коридори од украинските градови, а повеќето, околу 20.000, успеаја да го напуштат опколеното пристаниште Мариупол, изјави висок украински функционер.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко објави дека околу 20.000 луѓе го напуштиле Мариупол во 4.000 автомобили.
Хуманитарниот коридор низ кој минуваа овие колони возила ги поврзува Мариупол и Запорожје, на северозапад, преку Бердјанск, долг 270 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…