ЕВЕ ВИ ГО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Грција планира да го укине Центарот за македонски јазик во Лерин бидејќи немало македонски јазик надвор од границите на “Северна” !!!
Грција се подготвува повикувајќи се на Преспанскиот договор да го укине Центарот за македонски јазик кој беше регистриран како невладина организација во Грција, пренесува МКД.мк
Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин добиле покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Според првичните информации грчките власти се повикуваат на Преспанскиот договор според кој македонски јазик има само на територијата на Република Македонија, дознава МКД.мк.
На ваквата аномалија која се содржи во Преспанскиот договор укажуваа и бројни македонисти и експерти за нелогичноста на едно вакво ограничување на распространетоста на еден јазик, но тогашните владини функционери на чело со Заев во Макеоднија не убедуваа дека јазикот бил зачуван и никој не го оспорувал.
Разгледувањето на приговорите во грчкиот второстепен суд е закажано за 19 јануари и 2 февруари.
Освен во Преспанскиот договор, грчките судски власти образложение за нивната намера да се забрани Центарот за македонски јазик го базира и на тоа што Грција сè уште не ја ратификувала Рамковната конвенција за заштита на малцинските права. И додека ЕУ бара од Македонија да овозможи внесување на Бугари во Уставот за да им бидат обезбедени сите права, никој од ЕУ не ѝ посочува на Грција дека треба да ја забрза ратификацијата на Конвенцијата за заштита на малцинските права за да им овозможи на малцинствата во Грција основни човекови права.
Во продолжение потсетуваме на целите на Центарот за македонски јазик во Грција чија регистрација меѓу Македонците во Егејска Македонија, но и во Република Македонија и кај Македонците во светот предизвика огромна радост:
– Центарот за македонски јазик во Грција претставува локална невладина организација, основана во текот на 2022 година. Основна цел на Центарот е делување во насока на зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.
Активностите на Центарот се групирани во три основни области: образование, застапување и документација.
Образование:
- Организација на настава по македонски литературен јазик за граѓаните на Грција, преку соодветна веб – страница.
- Поддршка во напорите и легитимните заложби за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основно и средно) и универзитетите во Грција, лоцирани во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.
- Поддршка за идното можно основање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постојните универзитети во Грција, во насока на обучување и образовно квалификување на локални наставници по македонски јазик, како и подготовка на соодветна наставна програма и наставни материјали.
Застапување:
- Застапување и поддршка на легитимното барање за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во Грција, вклучително и за ратификација на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за малцински јазици од страна на Парламентот на Грција.
- Поддршка на иницијативи за заштита на јазичните права на говорителите на македонски јазик во Грција, вклучувајќи го правото непречено да користат свој јазик во приватната и јавната сфера, правото да ги користат нивните традиционални семејни презимиња, правото да регистрираат културни здруженија со цел негување на етнокултурниот и јазичниот идентитет итн.
- Спроведување на јавни кампањи за пробив и унапредување на јавната употреба на македонскиот јазик во Грција од страна на неговите говорители, вклучително и преку употреба на традиционалните топоними на населените места во северна Грција, заедно со сегашните топоними.
Документација:
- Воспоставување на дигитална база на податоци за традиционални топоними и утврдување на областите, околиите и населените места во Грција каде што се зборуваат македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности во поголема или помала мера.
- Дигитално документирање на различните дијалекти на македонскиот јазик кои што се зборуваат во Грција за архивски и истражувачки цели.
- Документирање на сите поединечни случаи на кршење или попречување на човековите права врз етничките Македонци, говорителите на македонскиот јазик и граѓаните на Грција, како и говорот на омраза во јавната сфера насочен кон нив од разни јавни или приватни ентитети.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Тепачка кај нотар во Центар за наследство
Две лица се степале во нотарска канцеларија…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…