Еве како полицијата го поврзала Палевски со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

t

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

ДЕЈАН ДИМОВСКИ

Прашања од обвинител

Направивме цел круг оклу зградата на Илинденска и ги мапиравме сите камери таму, но она што го видовме дека буквално има еден мртов агол што го покрива влезот и излезот од зградата и тука немаше ниту една камера. По тоа заклучивме, бидејќи ги имавме сите камери околу зградата, заклучивме дека нема шанси пешки да ја напуштила зградата бидејќи само ако излезеш надвор и тргнеш 10 метри лево или десно, ќе те има на камера, ние бевме убедени дека заминало со возило. Гледавме да видиме кое возило, ги гледавме возилата што продолжуваат по улицата, еден крак по Илинденска, вршевме преглед на сите возила кои во тоа време поминале, ние одевме и од порано. Гледавме дали ќе видиме сомнително возило или девојче во возилото, сметавме дека доброволно е влезена во возилото, тоа беше на почетокот сметавме дека од некои причини сакала да го напушти семејството, претходно ги профилиравме луѓето и така мислеме.

Гледавме за оние кадешто можевме да забележиме регистрација правевме и проверки дали проаѓа возило со фалц табличка и тоа го правевме. Се работеше напоредно. Ова е за истрагата за исчезнато девојче без да имаме индиции дека е грабната, немаше логика зошто да биде грабната.

Истовремено се водеше друга истрага во одделението за крвни деликти за запаленото возило во село Бразда, за нас во тоа време беше неповрзана истрагата со овие два случаи. За тој случај кога беше запалено возилото ние бевме известени на 27ми во вечерните часови, уште бев на работа, по стандардните процедури што ги правиме кога е навечер и нема услови за увид, оди надлежната ПС го обезбеди местото, баравме дали има услови за увид. Немаше услови за увид, така се прави се уште, местото е обезбедено, а увидот се врши на дневна светлина. Таблицата беше оставена од возилото, ја провериле и виделе дека е велешко возило и стапиле во контакт со велешани и се знаело дека тоа возило е исчезнато.

Кога првпат сум известен за велешково возило веќе се завршени сите настани и отпосле дознаваме за поврзаноста. Колегите пребаруваа низ теренот и со кучиња дали ќе се најде трага од човек, не најдоа траги, остана да се обезбедува местото и утредента колегите отидоа на увид. Во однос на таа истрага беше подигнато возилото, однесено во МВР за вештачење, ние го работиме тоа возило како предизвикување на општа опасност. Јас бев зафатен со другото одделение, фокусот ми беше на девојчето повеќе него на запаленото возило, но кажав да се преземат сите мерки. Колегите што го работеа возилото бараа камери, таму во село Бразда камери на лице место нема, но одеа по патот кај што може да се најде. Најдоа некоја камера мислам дека од Чучер Сандево, дали утредента, тогаш беше и некој неработен ден, ОБСЕ самит не знам што беше. Колегите го земаа цел ресивер па одеа со нивен техничар, се мачеа еден ден да го отворат видео-надзорот, тогаш го виделе возилото и приметиле уште некое, пикапче велеа дека е, не ни значеше нешто тоа посебно, но интересно беше што немаше други возила. Не можеше да се видат таблиците од таа камера. Ја прошириле после истрагата, оделе низ Шутка, во некои објекти, бараа камери што може да видат повеќе евентуално и таблица. Во меѓувреме стигна и телеграма од СВР Велес во врска со исчезнатото лице, они направиле проверки во Сејф Сити и рекоа дека возилото го има во Скопје и ни дадоа како задолжение да видиме, да го најдеме и утврдиме движењето на возилото и други лица. Колегите се нервираа на цела работа што ја имаме, ама не ни беше значајно тогаш но посташуваа и двете истраги одеа паралелно.

Ние имавме комуникација со родителите, за цело време и од Александар бевме известувани видете ова, видете она, еднаш ми се јави, не знам кога беше, околу 11 часот, што правиш како си го барав Музафер не можам да го добијам, рече имам возило сомнително да го проверите. Ни прати слики, тоа беа слики од камери што веќе сме ги имале. Ама тој го кажа тоа како сомнително возило, тогаш му ги препратив на друг колега, да се провери. Колегите го видоа тоа возило, ние го имавме и претходно, но сега почнаа да гледаат повеќе и немаше ништо посебно но се јавија во Сејф Сити и пошто траекторијата на движење беше по Аминта Трети, излегува на Партизански Одреди, но не се гледаше таблицата но знаевме дека ќе излезе право, кај што има убави камери.

О – што ви реле Александар, зошто му било тоа возило сомнително?

д – не ми беше јасно ни мене, рече дека има и комбе некое пред него, до него, видете го и тоа. Не знам зошто искрено и ние се чудевме ама чим го посочува и ви кажувам сега кога дојде возилото на Партизански Одреди искочи велешкиот Цитроен. Ми се јавија, кое возило е, тоа е запалениот Цитроен. Јас му се јавив на колегата што ја водат другата истрага за запаленото возило, Дени до каде сме со возилото, рече началник ги гледам и мислам дека имам место кај што се гледа таблицата избиструваме, ја имаме таблицата, ја кажа која е. Се стави возилото во Сјеф Сити и истовремено видовме кој е сопственик на возилото, некоја жена Кириќ беше сопственик, им кажав да се повика сопственичката да каже кај и е реното, што ѝ е, почнавме да ги анализираме овие моменти со Цитроенот и што бараат заедно двете возила.

Истовремено на први, кога Александар ми ги прати материјалите со сомнителното возило, после саат време рече мило ми е ако ви помагам, ама видете нешто размислувал од информациите што ги имал за другарки или познанички на Вања, тие нешто не знам што, видете некое постаро лице да не е инволвирано и да не е надвор од Скопје можеби. Па видете да не е од Охрид, да не е од Велес, баш го нагласи. Ние веќе гоимавме поврзано цитроенот со кангото и тој ми кажува да не е од Велес, ви кажувам како дојдовме до кангото со избистрување на табличката. Ги повикавме Ќириќ, дојде во станица со сопругот и колегите од Сејф Сити кажаа дека кангото го имаат лоцирано некаде на 27ми по Цветан Димов околу 10.30-11 часот и каок после го има кај Веро Џамбо и се паркира пред железничка.

Колегите излегоа пешки на терен од крвни деликти и го пребаруваа теренот и го видоа во дворот од една куќа паркирано возилото. Видоа дека горе пишува политичка партија Десна, изгуглале преку интернет и виделе дека претседател бил Љупчо Палевски. Ние рековме да видиме што ќе правиме, добија задача да бидат лоцирани таму да не случајно некој го запали возилото додека не расчистиме дали има вмешаност возилото. Колегите останаа пред куќата, ние се собравме на состанок, го известивме јавниот обвинител и баравме да се изврши ретрес во тој објект. Паралелно се водеше разговор со Ќириќ, кажа дека таа живее во Исланд, таа е само сопственичка, а мажот го дал на користење на политичката партија Десна, рекоа дека немаат договор за тоа и беа задржави во станица. Обвинителите и судијата веднаш не ни дадоа дозвола зa претрес, да не се сфати како притисок дека е политичка партија, најдоа физички сопственик на објектот и вечерта кај 1-2 доибвме наредба за претрес.

Кога конечно ноќта оклу 1 беше наредбата, се отиде на претрес во тој објект. Тоа е веќе на втори декември. Внатре беа тројца во објектот, двајца седеа, Кешишев тогаш не го знаев, рече кај сте до сега ве чекавме, видовме колата не знам што не чекале.

Почнавме првично тие првични процедури, ги легитимирале, дали сакаат адвокат, побараа адвокат, тој дојде. Се вршеше претрес, се подигна возилото, прашавме кај е претседателот на партијата и Кешишев ни кажа отишил за Белград, имал проблеми со кичмата, ќе отиде во Турција, а адвокатот рече јас го носев за Белград Палчо уште пред два дена и кажа имал проблеми со кичмата. Провервме уште на лице место и видовме дека адвокатот со неговата кола имаат поминато на Табановце. Што правевте, кај бевте? Застанале во Ниш да се видат, а рече Палчо ми кажуваше по пат дека го следи некое велешко возило Цитроен, тоа адвокатот Васко го кажа, рече не знам што точно ама приметил дека го следел некој Цитроен, нешто ќе му прават.

О – Во тој момент, дали имате поврзаност на настаните

д – се уште немаме во моментот на претресот, ние мислевме дека сме на трагот за исчезнатиот во Велес.

О – по тој основ ги преземате дејствијата?

д – да, ама стои фактот дека поминал пред зградата на Вања

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како полицијата го поврзала Палевски со…

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува…

(Видео) Како на филм: Без една рака…

Видео објавено на интернет го покажува последниот…

(Видео) СДСМ бара разрешување на Христовски од…

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на…

Началник Димовски: Не ни беше јасно зошто…

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува…

Трамп го обвини Зеленски за почнување на…

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД,…